УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ НА УСЛУГИ ПРЕКУ Mr. New Life
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Со нарачката на производи и/или услуги од Mr. New Life, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за купување и со останатите наведени политики.
Овие Услови заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница и купувањето на производи и/или услуги нарачани преку веб страницата Mr. New Life или платени на жиро сметка.
Од Вас ќе биде побарана изречна согласност дека сте се согласиле со овие Услови пред да можете да започнете со следење на едукативниот материјал на веб страницата на Mr. New Life.
Вовед
Ве молиме прочитајте ги овие Услови за купување внимателно.
Од Вас ќе биде побарана изречна согласност дека сте се согласиле со овие Услови за онлајн купување пред да можете да започнете со следење на едукативниот материјал на нашиот веб-сајт.
Толкување на поимите
Во овие Услови за купување, “ние” значи Мистер Њу Лајф ДООЕЛ – Скопје (“нас” и “нашите” ќе се толкува соодветно); и “Вие” значи нашите купувачи или потенцијални купувачи на услуги (“Вашето” ќе се толкува соодветно).
Процес на нарачка
Рекламирањето на услугите на нашата веб страница претставува “покана за склучување на договор за купопродажба” и Вашата нарачка на услуги претставува договорна понуда. Ниеден договор нема да стапи на сила помеѓу нас и Вие како купувач, освен доколку ние не ја прифатиме Вашата нарачка во согласност со процедурата опишана подолу.
Со цел да се смета дека сте склучите договор за купување на услуги од нас, ќе треба да ги преземете следниве чекори:
- Вие мора да додадете било кој од услуги кои сакате да ги посетите/купите во Вашата кошничка, а потоа да продолжите со плаќањето;
- Уплатата може да се изврши и на жиро сметка која можете да ја најдете во член 16 од оваа политика
- Пред да ја потврдите нарачката, Вие ќе имате можност да идентификувате дали има некакви грешки во податоците внесени од Ваша страна, преку увид во содржината на нарачката. Вие ќе можете да извршите исправка на ваквите грешки преку ажурирање на податоците во нарачката и надополнување на Вашите податоци;
- Откако плаќањето ќе се процесира, ние ќе Ви испратиме иницијално известување преку е-маил (адреса за е-пошта).
- Веднаш откако ќе извршиме проверка дали Вашата нарачка може да се процесира, ние ќе Ви испратиме преку е-маил (адреса за е-пошта) официјална потврда за нарачката (во кој момент Вашата нарачка ќе стане обврзувачки договор за двете страни
- Дополнително, Вие би можеле да бидете исконтактирани и преку телефон на контакт телефонот наведен во Вашата нарачка.
Услуги
Сите наши производи услуги презентирани на нашиот веб-сајт се достапни за онлајн купување,како и шалтерски преку вирман.
Цени и плаќање
Цените за услугите се дадени на нашата веб страница.
Плаќањето мора да се направи по поднесување на Вашата нарачка. Ние може да ги задржиме услугите и/или да го раскинеме договорот помеѓу нас ако Вашето плаќање не е извршено во целост.
Прикажаните цени на интернет страницата ги вклучуваат сите даноци на додадена вредност (каде што е применливо).
Плаќањето за сите услуги мора да се направи со следење на инструкциите на веб страницата.
Цените на услугите се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на договорите кои се во сила.
За нас
- Друштво за маркетинг,трговија и услуги Мистер Њу Лајф ДООЕЛ – Скопје
- Ул.”Баница” бр.3 , Скопје
- Жиро сметка: 300000003941243
- Депонент: Комерцијална Банка АД Скопје
- Контакт е-маил(контакт адреса за е-пошта): office@mrnewlife.com