Во оваа статија ќе се запознаете со Лука Здравески, партнер на Академијата Mr. New Life.
Лука е нашиот најмлад партнер и ќе ни раскаже накратко што беше неговата инспирација за веднаш после средното образование да стане наш партнер
Како еден од најмладите наши членови, што беше инспирацијата/мотивот да започнеш со нашата Академија?
Последната година од моето средно образование барав начин да не се вработам после средно. Пробував онлајн бизниси, учев вештини. Едноставно пробував се. И буквално само што завршив средно го запознав Мирко (како кец на ракав) со неговата академија и почнав да заработувам за себе.
Кои беа твоите најголеми стравови при упис во Академијата и како ги надмина истите?
Немам стравови затоа што видов се што Мирко има изградено, верувам во проектот, верував уште на самиот почеток и покрај тоа што потешко ми одеше на почеток упорен бев затоа што стварно верував во проектот. Со Мирко и со неговата сопруга видов дека имаме ист mindset, исти цели, така да искрено немав стравови, само упорност.
Како го поминуваш поголемиот дел од денот?
Реално сум посветен на личен развој. Гледам секој ден да сум подобар минимум барем еден п